Заштита од сонце: Што значи SPF бројот на вашата крема?
Долгоочекуваните летни денови конечно пристигнаа, носејќи со себе специфични опасности поврзани со високите температури. Летото е време кога треба да бидеме особено внимателни со консумацијата на течности, изложеноста на силното сонце и продолжените периоди поминати на отворено. Знаејќи колку моќни можат да бидат сончевите зраци, често се зборува за различни методи на заштита. Основна заштита претставуваат кремите за сонце со SPF.
Што е тоа УВ зрачење и УВ индекс?
УВ (ултравиолетово) зрачење е дел од природната енергија која ни ја испраќа сонцето. Во електромагнетниот спектар, УВ светлината се карактеризира со пократки бранови должини во споредба со видливата светлина, што ги прави овие зраци невидливи за човековото око.
Постојат два типа на УВ зраци, чија штетност е научно потврдена како ризик фактор за развој на рак на кожат. УВА зраците, кои имаат подолга бранова должина, проникнуваат подлабоко во кожата и се поврзани со стареењето на кожата. Овие зраци можат да проникнат низ облаци и прозорци. УВБ зраците имаат пократка бранова должина и се асоцирани со сончеви изгореници, делувајќи пред сè на површинските слоеви на кожата. SPF (фактор за заштита од сонце) ознаката која се наоѓа на многу креми означува колку долго вашата кожа е заштитена од УВБ зраците при изложеност на сонце. УВБ зраците се полесно се филтрираат и не можат да проникнат низ прозорците.
Често на временските прогнози или на интернет се наведува и УВ индекс, кој претставува интернационален стандардизиран начин за мерење на силата на УВ зраците во одреден момент и на одредено место. Скалата на УВ индексот се движи од 1 до над 11, при што повисока вредност указува на поголема интензитет на зрачењето.
Зошто е важно да се заштитиме од УВ зраците?
Без соодветна заштита, изложеноста на сонце може да предизвика генетски промени или мутации кои можат да бидат причина за појава на рак на кожата. Освен тоа, УВА зраците имаат значително влијание на предвременото стареење на кожата. УВ изложеноста која води до изгореници значително го зголемува ризикот за развој на меланом, кој е најсериозниот и најопасен вид на рак на кожата.
Како кремите за сонце нè штитат од УВ зраците?
Кремите за заштита од сонце содржат состојки кои ја штитат нашата кожа од УВ зраците. Тие се класифицираат во две главни категории: физичка и хемиска заштита. Кремите со физичка заштита содржат минерали како титаниум диоксид или цинк оксид, кои во форма на исклучително мали честички создаваат заштитен слој на кожата кој ја одбива УВ светлината. Хемиската заштита, пак, вклучува создавање на бариера од хемикалии кои активно ги апсорбираат УВ зраците пред тие да навлезат во кожата.
Во секој случај, повисокиот фактор нуди подобра заштита. Исто така, количеството на нанесена крема е важно. Пообилно нанесената крема со фактор 30 обезбедува посилна заштита отколку недоволно нанесена крема со фактор 50. Во строго контролирани тестови, утврдено е дека кремите со фактор 30 пропуштаат околу 3% од УВ зрачењето, додека оние со фактор 50 пропуштаат само 2%.
Секако, важно е да знаете дека ниту една крема не обезбедува целосна заштита од сонце и не треба да ве охрабри да престојувате подолго време на сонце без прекин. Подгответе се соодветно и уживајте во претстојните топли денови без грижа.
Супер Аптека нуди производи за нега на вашата кожа, како и производи од различни брендови кој содржат SPF.



