СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6489 ПРОИЗВОДИ
Навигација

VICHY DERMABLEND Корективна течна пудра SPF 35 – нијанса 35 30 ml

brands

SKU: VCHY-88

2.100 ден

На залиха
На залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени

Опис

Совршено покривање 16 часа, чувство на „гола кожа”. Мат ефект. За жени кои сакаат да ги покријат малите до умерени неправилности на кожата (нерамномерен тен, подочњаци, црвенило, лузни итн.). Нејзината хипоалергена формула со висока толеранција е тестирана под дерматолошки надзор на чувствителна кожа. Некомедогено, без мирис, SPF 35. 24 часовна хидратација. Формулата на корективна течна пудра за лице Dermablend спојува висока концентрација на пигмент за оптимално покривање и голема впивачка и лесна текстура која на кожата и дава природен изглед и чувство на пријатност во текот на целиот ден. Во контакт со епидермисот текстурата станува потечна а пигментот на боја се распределува по целата површина и потполно ги прикрива неправилностите на кожата, а притоа не се создаваат грутки или впечаток на сува маска.
Оваа пудра ви нуди тројно делување: висока моќ на покривање 16 часа + природен изглед на убавина + оптимално чувство на пријатност: 24 часовна хидратација.
1. 30% концентрација на пигмент за совршена покривност
2. Пигменти „soft-focus”, кои ги прекриваат неправилностите и така создаваат убава кожа како и класичните пудри за лице
3. Збогатена со глицерин и етерични масла од растително потекло, кои ја прават нежна, течна и пријатна. Во допир со топла кожа се претвора во флуид, а нејзината текстура создава тенок слој без нагласување на брчките и без да остави траги на масен сјај на кожата. Тенот е во потполност воедначен со природен ефект на „гола кожа”.
Неправилностите на кожата се покриени веднаш без траги или грутки. Тенот е воедначен и сјаен, кожата е еластична и изгледа природно, со чувство на пријатност. Без ефект на маска.

СОСТАВ

AQUA – UNDECANE – DIMETHICONE – GLYCERIN – TRIDECANE – POLYGLYCERYL-4 ISOSTEARATE – PENTYLENE GLYCOL – CETYL PEG/PPG-10/1 DIMETHICONE – HEXYL LAURATE – MAGNESIUM SULFATE – DISTEARDIMONIUM HECTORITE – CELLULOSE GUM – ALUMINUM HYDROXIDE – DISODIUM STEAROYL GLUTAMATE – TRISTEARIN – ACETYLATED GLYCOL STEARATE – ACRYLATES COPOLYMER – ETHYLHEXYLGLYCERIN – CI 77891 – CI 77492 – CI 77491 – CI 77499

ПРИМЕНА

1. Нанесете ја корективната течна пудра со врвовите на вашите прсти или со помош на сунѓерче на кожата со нежни движења и размачкајте ја од средината на лицето кон краевите. Во случај на големи неправилности натапкајте ја пудрата на тоа подрачје и нежно размачкајте со кружни движења.
2. Нанесете према вратот, ушите и кон линиите на вашата коса па избришете ги ивиците.
3. Повторете го нанесувањето додека не ја добиете посакуваната покривност.

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди