СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6489 ПРОИЗВОДИ
Навигација

OMEGA 3 1+1 гратис/90+90 x 1000mg капсули

brands

SKU: FRTX-8

830 ден

На залиха
На залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени

Опис

Омега 3 Фортекс содржи 1000 mg концентрирано рибино масло од лосос , со 18% ЕРА и 12% DHA незаменливи незаситени масни киселини .

Категорично е докажано во бројни клинички студии , дека внесувањето на oмега 3 масни киселини (EPA и DHA ) е од исклучително значење за здравјето на човекот:

• придонесува за нормална срцева активност
• ја подобрува функцијата на крвните садови
• придонесува за намалување на холестеролот
• го намалува количеството на триглицериди во крвта
• ја подобрува мозочната активност
• учествува во регулирањето на метаболизмот
• ја подобрува еластичноста на кожата
• придонесува за нормална активност на сите системи и органи во организмот на човекот

Омега 3 Фортекс е лидер на пазарот поради голем број предности пред конкурентните производи:

• најголема содржина: 1000 mg во една капсула
• најголемо количество: 90 меки желатински капсули во еден пакет
• најдобар состав: масло од лосос и додаден витамин Е како силен антиоксиданс • европско потекло: специјално произведен за Фортекс во Капсугел, Франција
• најдобра цена

Состав (на една капсула): 1000 mg концентрирано рибино масло од лосос, со минимална содржина 18% EPA и 12% DHA, 10 mg витамин Е; помошни материи.

Дозирање: American Heart Association (Американска Асоцијација за срцеви болести) препорачува максимална дневна доза 1g/ден EPA + DHA. Со препорачаната доза од 3 капсули на ден земени за време на оброк, Омега-3 Фортекс ја покрива оваа препорака.
Може да се земе од дијабетичари. Не се препорачува за луѓе со алергија на морски производи. Оваа доза е соодветна за лица над 12 години. За помали деца се препорачува производот Рибино масло Фортекс.

Омега 3 Фортекс се незаменливи незаситени масни киселини – EPA и DHA. DHA и EPA киселините се со рибино потекло и се апсорбираат моментално во клетките на телото . Категорично е докажано дека поради долгиот синџир на молекуларна структура тие се најкорисните и потребните масни киселини .

Главната биолошка улога на незаситените масни киселини е изградба на клеточните мембрани . Омега 3 киселините се вградуваат во двојниот Фосфолипиден слој на клеточната мембрана и на тој начин ја подобруваат подвижноста , флуидноста и пропустливоста . Омега 3 се неопходни за секоја клетка во телото на човекот.

Исклучително позитивни се резултатите од тестовите на омега 3 за помагање на срцевата активност . По спроведувањето на клиничките испитувања се утврдува дека внесувањето на долг синџир омега 3 масни киселини (EPA и DHA ) доведува до намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања во следните механизми :

• се спречуваат аритмии
• се намалува ризикот од тромбоза
• го намалува количеството на триглицеридите
• ја подобрува функцијата на ретикуло – ендотелниот систем
• се намалува крвниот притисок
• се намалува воспалението
• се забавува прогресијата на атеросклероза

Се спроведуваат многу истражувања кои неоспорно ја докажуваат важноста на омега 3 киселините за:
• добра работа на срцето
• развојот на мозокот
• правилен метаболизам и соодветна здравствената тежина
• добрата состојба на очите, косата, коските
• еластичноста на кожата
• менталното здравје и самодовербата
• силниот имунитет

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди