СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6489 ПРОИЗВОДИ
Навигација

Мултивитамински сируп Rolly 11витамини 3минерали 150 ml

brands

SKU: PMED-5

420 ден

На залиха

Деца постари од 3 години земаат 5 мл сируп еднаш дневно, наутро.
Деца постари од 5 години земаат 10 мл сируп еднаш дневно, наутро.
Може да се користи и разреден со вода.
Пред употреба да се протресе.

На залиха
This item is low in stock.

Item(s) left: 1

Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени

Опис

Витамини и минерали се неопходни за функционирање на организмот. Витамините А и Е се липосолубилни витамини и тие имаат важна улога во зајакнување на видот, здравјето на кожата како и заштита на липидните делови на клетката од слободните радикали. Хидросолубилните витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, фолна киселина, ниацин и витамин Ц се есенцијални и вклучени се во многу активности на организмот како што е производство на енергија на клеточно ниво, биосинтеза на ензими и хормони, имунолошка реакција и заштита на хидрофилните делови на клетката од слободните радикали. Витаминот Ц помага во абсорбција на железото и учествува во многу оксидно – редукцијски процеси во организмот. Минералите во телото ги извршуваат следните функции : ги зајакнуваат коските и забите, служат како составни елементи на органите и мускулите, крвта, нервите и други органски ткива, го активираат ензимскиот систем, учествуваат во одржување на ацидобазната рамнотежа, учествуваат во комуникација со нервниот систем, во метаболичките реакции итн. Внесот на витамини и минерали кај децата е неопходен за правилен раст и развиток на организмот. Витамините имаат важна улога за правилен развој на децата и допринесуваат за физичкото и менталното здравје кај децата. Дополнително, матичниот млеч допринесува за одржување на функцијата на имунолошкиот систем. Rolly мултивитаминскиот сируп за деца е граничен производ кои содржи 11 витамини, 3 минерали и е збогатен со матичен млеч. Се препорачува :
• за правилен раст и развиток кај децата
• за заштита и подобрување на функциите на имунолошкиот систем
• за деца со намален апетит и симптоми како што се слаба концентрација на училиште, истоштеност и раздразливост
• како додаток на терапија со антибиотици
• како диететска надополна на витамини и минерали особено кај децата во текот на зимскиот и пролетниот период.

Состав :
прочистена вода, фруктоза, трикалциј цитрат, Л-аскорбинска киселина, магнезиј цитрат, матичен млеч, ксантан гума, регулатор на киселоста: лимонска киселина, Д-а-токоферол ацетат, ниацин, конзерванси: калиј сорбат и натриј бензоат, арома на портокал, калциум пантотенат, природен хидрохлорид, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, ретинил палмитат, железо глуконат, фолна киселина, биотин, цијанокобаламин.Пакување :
Стаклено шишенце со 150 мл сируп, упатство за користење и лажичка за дозирање.

Дополнителни информации

brands

Последно Прегледано

Додади во Омилени
Додади во Омилени
Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди