СИТЕ КАТЕГОРИИ
ВКУПНО 6489 ПРОИЗВОДИ
Навигација

MULTI ESSENCE VITAMINI D3 4000IU/30 капсули

brands

SKU: MLTESSNC-3

300 ден

На залиха
На залиха
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени
Додади во Омилени

Опис

MULTI ESSENCE ВИТАМИН Д3 – 1000 IU / 2000 IU / 4000 IU
Состав

Витамин Д3 – 1000 IU / 2000 IU / 4000 IU
Фармацевтска форма

Меки капсули
Дејство

Витаминот Д е липосолубилен витамин којшто се синтетизира во кожата под дејство на УВ-светлина.Тој се претвора во 25 (OH) D во црниот дроб и понатаму до активната форма (калцитриол 1,25 (OH)2 D) во бубрезите или во другите органи. Вклучен е во метаболизмот на коските, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од цревата, но, исто така, има и многу важна улога во нормалниот имунолошки одговор. Витаминот Д врши имуномодулаторни активности. Постојат студии коишто ја демонстрираат неговата улога во зголемувањето на способноста на вродениот имунолошки систем да се бори против патогените микроорганизми.

Витаминот Д достигнува најниско ниво во текот на зимските месеци и затоа научниците често го нарекуваат „сезонски стимул“, бидејќи ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемена појава на респираторни инфекции.
Употреба

MULTI ESSENCE Витамин Д3, како храна за посебна нутритивна употреба – храна за посебни медицински намени, ги задоволува зголемените потреби од витамин Д3 кај возрасните. Производот е наменет за диететско регулирање состојби и болести кај коишто е неопходно надоместување на витаминот Д.

Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.
Витаминот Д придонесува за нормална мускулна функција.
Витаминот Д придонесува за одржување здрави коски.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА ПРИМЕНА

Еднаш дневно, по една капсула.
Пакување

Картонската кутија содржи 30 меки капсули (2 блистери) и упатство за употреба.
Регулаторен статус

Храна за посебна нутритивна употреба – храна за посебни медицински намени

Дополнителни информации

brands

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Спореди