- Не можете да додадете "ACETON 100ml" во кошничката, бидејќи продуктот нема залиха.
Артро, 30 таблети
Опис
Артро претставува додаток во исхраната кој може да го користат возрасни, со цел одржување на флексибилноста на зглобовите на целото тело. Особено е индициран кај лица кои вршат тешка физичка работа, физички активни лица и спортисти каде најчесто се јавува ризик од преоптоварување на зглобовите, како и кај лица со прекумерна тежина, лица на средна возраст и постари лица. Артро се препорачува и кај жени во периодот на менопауза.
Артро претставува извор на хијалуронска киселина, колаген, хондроитин, глукозамин сулфат, витамин Ц и активна компонента од екстракт на Boswellia serrata. Витаминот Ц придонесува за правилно создавање на колаген, кој обезбедува правилна функција на ‘рскавицата и ги штити клетките од оксидативен стрес, дополнително придонесувајќи за намалување на чувството на замор и слабост.
Природното создавање на колаген претставува најважна компонента за зглобната ‘рскавица, игра важна улога во одржување на мобилноста и флексибилноста и е неопходен за правилно функционирање на зглобовите при зголемен физички напор и кај лица со прекумерна тежина.
Дополнителни информации
| brands |
|---|





