Политика на враќање
ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ/ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката со приложување на фискална сметка, при што производот мора да биде неупотребуван, неоштетен и спакуван во неговото оргинално пакување.
Пакуваните производи се враќаат преку брза пошта, на свој трошок на следната адреса:
ПЗУ Аптека Бети
Драгиша Мишoвиќ 1/1
1000 Скопје
Во случај на поврат на средства, а без оглед на причината за враќање, СУПЕР АПТЕКА има обврска враќањето на средствата да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MS и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, Ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со Вашата нарачка, Ве молиме да не побарате на телефонскиот број 070 322 633 или да ни испратите е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@superapteka.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на производот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашиот оператор ќе Ве извести за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашето одговорно лице за продажба. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа Ви испраќаме соодветна замена.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на 070 322 633 или испратете ни е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@superapteka.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на Вашето барање.